НЛБ Тутунска банка - најдобра во Македонија за 2014

Bez autora
Nov 30 2014

НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2014 година“ од страна на угледниот финансиски магазин „Банкер“. На свечената церемонија која се одржа по петнаесетти пат, на 27 ноември во Лондон, угледниот финансиски магазин ’Банкер‘ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2014 година, во 149 земји во светот. За најдобра банка во Македонија за 2014 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Ова е седма награда за најдобра банка во земјата за НЛБ Тутунска банка, од воспоставувањето на наградите за најуспешните во банкарската индустрија во светот, се вели во соопштението од НЛБ Тутунска банка. Оваа година наградата за најдобрите банки се базира на постигнатите финансиски резултати во услови на засилена конкуренција, нови пазарни иницијативи и се' уште неизвесна економска активност во повеќето земји во светот.

НЛБ Тутунска банка - најдобра во Македонија за 2014НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2014 година“ од страна на угледниот финансиски магазин „Банкер“.

„На свечената церемонија која се одржа по петнаесетти пат, на 27 ноември во Лондон, угледниот финансиски магазин ’Банкер‘ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2014 година, во 149 земји во светот. За најдобра банка во Македонија за 2014 година е прогласена НЛБ Тутунска банка.

Ова е седма награда за најдобра банка во земјата за НЛБ Тутунска банка, од воспоставувањето на наградите за најуспешните во банкарската индустрија во светот“, се вели во соопштението од НЛБ Тутунска банка.

Оваа година наградата за најдобрите банки се базира на постигнатите финансиски резултати во услови на засилена конкуренција, нови пазарни иницијативи и се' уште неизвесна економска активност во повеќето земји во светот. НЛБ Тутунска банка во 2013 година оствари добивка од 10,2 милиони евра или 11отсто поврат на капиталот.

„Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на Банката, современите системи за управување со ризиците и професионална услуга која овозможува креирање долгорочна деловна соработка со клиентите“, велат од банката.

Од таму додаваат дека во 2014 година, НЛБ Тутунска банка успешно ја продолжи новата пазарна иницијатива со која се опфатени домаќинствата и сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански дејности, за што се инвестирани значителни средства во проширување на деловната мрежа и надградбата на електронските сервиси, што им овозможува на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik